Потер: Чест ми е да ја предводам Шведска, исто време и неверојатно инспириран
- Новиот селектор на шведската фудбалска репрезентација, Греам Потер, даде свое видување за неговата нова работа.
Стокхолм, 21 октомври 2025 (МИА) – Новиот селектор на шведската фудбалска репрезентација, Греам Потер, даде свое видување за неговата нова работа.
- Неверојатно сум почестен од ова назначување, но исто така и неверојатно инспириран. Шведска има фантастични играчи кои играат во најдобрите лиги во светот. Мојата работа ќе биде да создадам услови за нас како тим да настапиме на највисоко ниво и да ја однесеме Шведска на Светското првенство следното лето, изјави за „Индипендент“ 50-годишниот Англичанец.
Договорот на Потер важи до крајот на квалификациите за Светското првенство во 2026 година.
На 14 октомври, Данецот Јон Дал Томасон поднесе оставка од функцијата селектор на шведската репрезентација. Потер претходно беше отпуштен од Вест Хем. зс/
Фото: ЕПА