• вторник, 24 декември 2024

Постојат „изолирани“ случаи на реинфекција на коронавирус, но многу малку

Постојат „изолирани“ случаи на реинфекција на коронавирус, но многу малку
Москва, 29 септември 2020 (МИА) - Постојат „изолирани“ случаи на реинфекција на коронавирус во светот, но всушност има многу малку такви пациенти на глобално ниво. Досега се потврдени најмногу десет случаи на повторна инфекција со коронавирус, изјави Ана Попова, директор на руската Федерална служба за заштита на потрошувачите и благосостојба на луѓето. Во интервју за весникот Комсомолска правда, Попова рече дека во моментов се работи на собирање статистички податоци и дека досега се потврдени најмногу десет сигурни случаи на повторна инфекција со коронавирус. Таа додаде дека станува збор за луѓе кои страдаат од имунодефициенција, разни состојби во кои имунитетниот систем не функционира правилно, па затоа инфекциите се почести и се повторуваат, пренесе агенцијата ТАСС. Според најновите податоци на „Вордметер“, досега повеќе од 33,4 милиони луѓе се заразени со коронавирус во светот, а повеќе од милион пациенти починале од последици од Ковид-19. Досега во Русија се потврдени 1.159.573 случаи на заразени, се излекувале 945.920 пациенти од Ковид-19, а 20.385 починале како резултат на болеста. паг/  

Остани поврзан