• петок, 22 ноември 2024

Постигнат договор за обнова на транзитот на украинско жито преку Полска

Постигнат договор за обнова на транзитот на украинско жито преку Полска

Варшава, 18 април 2023 (МИА)  - Полска постигна договор за обнова на транзитот на украинско жито низ нејзина територија, изјави полскиот министер за земјоделство Роберт Телус, цитиран од британските медиуми.

Транзитот ќе биде строго следен, со запечатени камиони со жито и следење со ГПС.

-Меѓутоа, останува на сила забраната за увоз на украинска храна во Полска, додаде министерот за развој и технологија Валдемар Буда. сд/

 

Остани поврзан