• четврток, 26 март 2026

Постекоглу: На Нотингем му требаше трет гол против Бетис, но тоа не се случи

Постекоглу: На Нотингем му требаше трет гол против Бетис, но тоа не се случи

Севилја, 25 септември 2025 (МИА) - Тренерот на Нотингем Форест, Анже Постекоглу, не е задоволен од ремито (2:2) синоќа со Бетис во првото коло од Лигата на Европа.

- Нашиот настап беше полн со квалитет, труд и страст. Ова не беше резултатот што го сакавме. Играчите заслужија награда за нивниот добар настап. Ни требаше трет гол, но тоа не се случи. Бетис има играчи кои можат да предизвикаат проблеми, а ние ја плативме цената, изјави Постекоглу на официјалната веб-страница на УЕФА.

Во вториот натпревар од Лигата на Европа, Нотингем Форест ќе се соочи со Митјиланд, додека Бетис ќе игра против Лудогорец. Двата натпревари ќе се играат на 2 октомври. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан