Постекоглу: Кулушевски неколку месеци ќе биде надвор од теренот
- Тренерот на Тотенхем, Анге Постекоглу, изјави денеска дека неговиот играч Дејан Кулушевски, кој во средата беше подложен на операција на десното колено, ќе биде надвор од терените најмалку неколку месеци.

Лондон, 15 мај 2025 (МИА) – Тренерот на Тотенхем, Анге Постекоглу, изјави денеска дека неговиот играч Дејан Кулушевски, кој во средата беше подложен на операција на десното колено, ќе биде надвор од терените најмалку неколку месеци.
„Разочарувачки вести. Првично мислевме дека не е толку сериозно бидејќи медицинскиот тим беше загрижен за структурата на коленото, но изгледаше прилично добро. Потоа, следниот ден, настана хаос. Тој беше опериран и ќе отсуствува најмалку неколку месеци“, рече Постекоглу.
Кулушевски го повреди десното колено во неделата на натпреварот против Кристал Палас, напуштајќи го теренот 19. минута.
Шведскиот репрезентативец со македонско потекло ќе го пропушти финалето во Лига на Европа против Манчестер Јунајтед, кое ќе се одигра на 21 мај во Билбао.
Тотенхем во финалето ќе настапи и без повредените Џејмс Медисон и Лукас Бергвол. ег
ФОТО: ЕПА