• петок, 17 јануари 2025

Постар маж со нож им се закануваше на студенти на Медицинскиот факултет во Нови Сад

Постар маж со нож им се закануваше на студенти на Медицинскиот факултет во Нови Сад

Нови Сад, 17 јануари 2025 (МИА) - Постар маж денеска извади нож и се закани на студентите на Медицинскиот факултет во Нови Сад кои протестираат.
Тој им пришол на група студенти на блокадата и замавнал со нож кон еден од редарите. По кратко време, судентите го совладале и му го одзеле ножот од рака. 

Тежок инциодент се случи вчера во Белград кога за време на блокада, студентка по право беше удрена од автомобил додека стоеше на тротоар, при што е тешко повредена.

Таа се наоѓа во Клиничкиот центар и е во добра општа здравствена состојба. зш/

Остани поврзан