• понеделник, 13 мај 2024

Поставен тампон на локалниот пат Мизовски ливади - село Градец

Поставен тампон на локалниот пат Мизовски ливади - село Градец

Крива Паланка, 22 август 2023 (МИА) - Завршено е тампонирањето на локалниот патен правец што ги поврзува населбата Мизовски ливади со село Градец во Општина Крива Паланка.

- Преку реализација на проектот инвестиравме во олеснување на пристапот на населението од овие две населени места, средства во висина од 1.437. 452 денари. Поставен е тампон на вкупна должина од 550 метри, со средства обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), 1.000.000 денари, додека останатите 437.452 денари се сопствени средства од буџетот, информира службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка.

Од општината нагласија дека продолжуваат да инвестираат во подобрување на квалитетот на живот на граѓаните во сите населени места.

-Во тек е реконструкција и рехабилитација на повеќе улици во населбата Илинден,  до крајот на неделата се очекува да заврши асфалтирање на патот во селото Кркља и да биде пуштен во употреба, а официјално ќе биде пуштен во употреба и Дневен центар за престој на стари лица во просториите на Општинската организација на Црвен крст Крива Паланка, додека за време на одбележување на големите празници Успение на Пресвета Богородица и Св Јоаким Осоговски официјално ќе отпочне и проектот за реконструкција и обнова на спортскиот училишен терен во ООУ Јоаким Крчовски, зграда „Партизан", каде ќе биде направена и енергетски ефикасна фасада на самиот објект на училиштето, додаваат од општината. ид/мч/

 

Остани поврзан