Поставени се нови „лежечки полицајци“ во велешката приградска населба Превалец и кај Стар Мост во Велес
- Средства за смирување на сообраќајот, познати кај народот како "лежечки полицајци", поставени се во велешката приградска населба Превалец. Со цел спречување на заобиколување на препреките поставени се и столпчиња помеѓу, со што дополнително се зголемува безбедноста,информира денеска градоначалникот Марко Колев
Велес, 26 февруари 2026 (МИА) - Средства за смирување на сообраќајот, познати како „лежечки полицајци", поставени се во велешката приградска населба Превалец. Со цел спречување на заобиколување на препреките поставени се и столпчиња помеѓу, со што дополнително се зголемува безбедноста,информира денеска градоначалникот Марко Колев.
-Безбедноста на сите учесници во сообраќајот останува приоритет во работењето на општината, потенцира Колев.
Претходно, минатата недела беа поставени нови „лежечки полицајци" и на улицата кај Стар мост.
Колев информира дека ги ставиле на оваа улица затоа што оваа точка беше критична поради фреквентниот сообраќај и движење на пешаците, но со измената на законските прописи се овозможи надминување на овој проблем.
Воедно и тука дополнително, поставени се и столпчиња помеѓу препреките, со цел избегнување на нивно заобиколување.ад/са/
Фото Општина Велес