• среда, 15 мај 2024

Поставени светлосни сообраќајни знаци за пешаци на улица Бутелска

Поставени светлосни сообраќајни знаци за пешаци на улица Бутелска
Скопје, 9 ноември 2022 (МИА) - Екипите на ЈП „Улици и патишта“- Скопје денеска по налог на Град Скопје на улицата Бутелска ги поставија новите светлосни сообраќајни знаци на пешачките премини во близина на мултинаменското спортско игралиште.
Како што информираат од ЈП „Улици и патишта“ - Скопје, новите светлосни сообраќајни знаци се поставени на портални и обични семафорски столбови од двете страни на улицата, со цел за поголема видливост на пешачките премини, како и за зголемување на безбедноста на пешаците. сст/ац/

Остани поврзан