• недела, 22 декември 2024

Поставени полуподземни контејнери на повеќе локации во Куманово

Поставени полуподземни контејнери на повеќе локации во Куманово

Куманово, 1 декември 2023 (МИА) - Јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ постави полуподзмени контејнери на повеќе локации во Куманово, соопштија денеска надлежните од претпријатието.

 -Очекуваме граѓаните совесно да се однесуваат и да депонираат соодветен смет без да одлагаат запаливи материи, изјави директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Даниел Стојчевски.

Досега во Куманово поставени се над 98 полуподземни контејнери на 35 локации. Полуподземните контејнери одат во пар и имаат значителен капацитет за собирање на смет, поедноставни се за одржување и се скратува времето на собирање на сметот со возилата на ЈП „Чистота и Зеленило“, што пак придонесува да не се создава сообраќаен метеж.

-Поставивме и во село Орашац, таму се чисти на два - три дена. Важно е да споменеме дека во центарот на градот контејнерите ги празниме еднаш во текот на денот, онаму каде што најмногу се собира количина на смет, покрај маркети, густонаселени подрачја, изјави Стојчевски.

Овие садови за смет имаат капацитет од пет кубни метри и заменуваат шест обични контејнери. Набавката на вакви садови за смет се одвиваше преку општина Куманово, а во последно време и преку Центарот за развој на североисточниот плански регион во рамки на проект за заштита на животна средина. ам/ сан/


Фото: ЈП „Чистота и Зеленило“

Остани поврзан