• петок, 22 ноември 2024

Последното коло во португалското фудбалско првенство со ограничен број гледачи

Последното коло во португалското фудбалско првенство со ограничен број гледачи
  Лисабон, 12 мај 2021 (МИА) – Натпреварите од последното коло во Првата португалската фудбалска лига ќе се играат пред ограничен број гледачи, соопшти денеска Фудбалската федерација на Португалија (ФПФ). Капацитетот на стадионите ќе биде ограничен до десет отсто, а влезот ќе им биде дозволен само на домашни навивачи со негативен резултат на брз тест за Ковид-19. Мечевите од завршното коло ќе бидат искористени како „тест натпревари“ со цел да се овозможи враќање на фудбалските навивачи на стадионите во Португалија. - Одлуката е донесена по серија состаноци на раководствата на Португалската лига и Португалската федерација со здравствените власти и владата, кои без интензивирани во последните неколку недели, соопшти ФПФ. ег/

Остани поврзан