• недела, 22 декември 2024

Последен ранг на македонските тенисери за 2023 година

Последен ранг на македонските тенисери за 2023 година

Лондон, 25 декември 2023 (МИА) - Последниот понеделник во 2023 година значи и последен ранг за тенисерите кои имаат ранг АТП ранг-листата. Од македонските тенисери тројца најдобар ранг има Калин Ивановски, кој е рангиран на 326. место што значи пад за една позиција во однос на претходната недела. Ивановски има 159 поени. Ивановски ланската година ја заврши на 540. место.

Горазд Србљак со 10 поени, се наоѓа на 1052. место и има скок од две места во однос на претходната недела, додека Обрад Марковски има скок од девет позиции и се наоѓа на 1454. место со три поени.

Во конкуренција на двојки Ивановски е рангиран на 675. место со 71 поен, или пад за две места, додека Берк Бугариќ е на 1347. место (пад за едно место) со 16 поени. Обрад Марковски е рангиран на 1751. место (пад за седум позиции) со седум поени, додека Елдин Хусеиновиќ е на 2121. место со три поени (пад за три места).

На почетокот на следната недела воедно и на новата година прв настап ќе има Калин Ивановски, кој е пријавен за челинџер турнир во Португалија. зс/

Остани поврзан