• вторник, 18 февруари 2025

Последен ден од Минхенската безбедносна конференција

Последен ден од Минхенската безбедносна конференција

Минхен, 16 февруари 2025 (МИА) - Конференцијата за безбедност во Минхен (МСЦ) влегува денеска во својот трет и последен ден.

Европската безбедносна архитектура, побрз пристап во ЕУ за балканските држави и конкурентноста на Европа се на агендата на последниот ден од меѓународната средба во главниот град на Баварија.

Од петокот, во дебатата доминира курсот на новата американска администрација во војната во Украина и споровите околу европското учество во преговорите за мир.

На првиот ден од конференцијата, американскиот потпретседател Џеј Ди Венс остро ги критикуваше европските сојузници, обвинувајќи ги за ограничување на слободата на изразување и загрозување на демократијата.

Меѓу другото, тој го критикуваше исклучувањето на екстремно десничарската Алијанса за Германија (AfD) и популистичката алијанса Сахра Вагенкнехт (BSW) од безбедносната конференција и генерално се спротивстави на исклучувањето на партиите. Претставниците на германската влада го отфрлија тоа, јави ДПА. зш/

Остани поврзан