• петок, 05 декември 2025

Посета од претставниците на Федералните резерви на Њујорк на Народната банка за зајакнување на меѓународната соработка

Посета од претставниците на Федералните резерви на Њујорк на Народната банка за зајакнување на меѓународната соработка

Скопје, 18 септември 2025 (МИА) - Делегација од Банката на федералните резерви на Њујорк ја посети Народната банка на Република Северна Македонија заради размена на искуства и јакнење на соработката во областа на меѓународните банкарски услуги и управувањето со сметките на централните банки, соопштија од Народната банка.

Посетата, како што се посочува во соопштението, е важна за соработката меѓу Народната банка и водечките централни банки во светот, истакнувајќи ја нејзината важна улога во стабилноста на регионалните и светските финансиски системи.

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, остварил работна средба со претставниците од Федералните резерви на Њујорк, при што биле разгледани можностите за соработка во областа на обуките и добрите банкарски практики во согласност со меѓународните стандарди.

-Оваа посета претставува важен чекор во продолжувањето на соработката меѓу Народната банка и Банката на федералните резерви на Њујорк, велат од Народната банка. дма/вј/

Фото: Народна банка

Остани поврзан