• петок, 05 декември 2025

Посета на претставници од ООН во Општина Куманово

Посета на претставници од ООН во Општина Куманово

Куманово, 22 јули 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска оствари протоколарна средба со претставничката од Организацијата на обединетите нации во Македонија постојаниот координатор Рита Колумбија, информираа од Општина Куманово.

На средбата, како што наведуваат од Општината, која се одржала во пријателска и конструктивна атмосфера, соговорниците разговарале за досегашната соработка, за придобивки, улогата и функцијата на светската организација на национално и локално ниво.

Во општина Куманово, Колумбија и Димитриевски ја потенцирале улогата и значењето на Обединетите нации како глобална организација, односно нејзината заложба и грижа за граѓаните, нивната заштита и просперитет во областите, кои се во доменот на ООН. ам/мд/


Фото: Општина Куманово

Остани поврзан