• петок, 22 ноември 2024

Посетата на Австралија, кинескиот премиер ја заврши со обиколка на рафинеријата за литиум

Посетата на Австралија, кинескиот премиер ја заврши со обиколка на рафинеријата за литиум

Сиднеј, 18 јуни 2024 (МИА) - Кинескиот премиер Ли Kианг денеска ја заврши четиридневната посета на Австралија со обиколка на рафинерија за литиум, што е индикација за интересот на Пекинг за рудата потребна за електрични возила.

Придружуван од десетина кинески претставници, премиерот го посети комплексот Tianqi Lithium Energy Australia во Перт, Западна Австралија, пренесе Бета.

Компанијата е 51 отсто во сопственост на Кинезите, вклучувајќи ги и рудникот за литиум и рафинеријата.

Австралија обезбедува 52 отсто од светскиот литиум, од кој најголем дел се извезува во Кина.

Според француските медиуми, инвестирањето на кинеските акционери во рударската индустрија во Австралија е чувствително прашање. мс/

фото: ДПА

Остани поврзан