• вторник, 26 ноември 2024

Посебен сообраќаен режим утре во Битола поради манифестацијата „Трчај бе“

Посебен сообраќаен режим утре во Битола поради манифестацијата „Трчај бе“

Битола, 2 септември 2023 (МИА) - Поради спортско-рекреативната манифестација „Трчај бе“ утре во Битола од 07:00 до 13.30 часот ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. 

Ограничување на сообраќајот ќе има на булеварот „1-ви Мај“  до кружниот тек кај Педагошка – улицата „Генерал Васко Карангелевски“ , потоа од кружниот тек кај Педагошка до кружниот тек кај маркет Веро, улицата „11-та Македонска Дивизија“ и до базенот Довлеџик.

Исто така сообраќај нема да се одвива по булеварот „1-ви Мај“ од страната на Општина Битола, потоа улиците „Филип II Македонски“ се до кружниот тек кај Дулие, „Батаљон Стив Наумов“,  „Прилепска“ од кружниот тек кај Дулие до улицата „4-ти Ноември“  и од улицата  „4-ти Ноември“ до крстосницата со улицата „Солунска“  до „Широк Сокак“. мт/бак/  

Фото: МИА архива

Остани поврзан