• петок, 11 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на фудбалскиот натпревар Вардар-Црвена ѕвезда

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на фудбалскиот натпревар Вардар-Црвена ѕвезда

Скопје, 16 април 2025 (МИА) - Поради одржување на меѓународниот пријателски хуманитарен фудбалски натпревар Вардар - Црвена ѕвезда вечерва од 20 часот во Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. 

Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на улиците околу арената „Тодор Проески“.

СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници. цр/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан