• четврток, 19 март 2026

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на албанскиот претседател

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на албанскиот претседател

Скопје, 26 февруари 2026 (МИА) - Поради посетата на албанскиот претседател Бајрам Бегај, во Скопје, денеска, утре и задутре, ќе има посебен режим на сообраќај. 

- На 26, 27 и 28.2.2026 година (четврток, петок и сабота) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува г. Бајрам Бегај, претседател на Република Албанија. Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот Скопје - информираат од МВР.

СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот. сст/са/

Фото МИА архива

Остани поврзан