Португалскиот напаѓач Зики прогласен за најдобар играч на Европското првенство во футсал
- Членот на португалската репрезентација, Зики е прогласен за најдобар играч на Европското првенство во футсал кое заврши денес во Амстердам.

Амстердам, 6 февруари 2022 (МИА) – Членот на португалската репрезентација, Зики е прогласен за најдобар играч на Европското првенство во футсал кое заврши денес во Амстердам.
Дваесетгодишниот футсалец одигра шест натпревари на Европското првенство, постигна три гола и креира три асистенции.
Португалскиот тим вечерва во финалето ја совлада Русија со 4:2, иако до 19.минута губеше со 0:2.
Репрезентацијата на Португалија вторпат по ред го освои Европското првенство. зс/