• среда, 15 мај 2024

Порто му додели медал на Касиљас за освојување на шампионатот, иако голманот ниту еднаш не влезе на теренот

Порто му додели медал на Касиљас за освојување на шампионатот, иако голманот ниту еднаш не влезе на теренот
Порто, 22 јули 2020 (МИА) - Голманот на Порто, Икер Касиљас, доби медал за освојување на Португалскиот шампионат 2019/20 година. - Живееме со голем интензитет. Понекогаш не цениме некои работи. Гледате наоколу и не гледате што има пред вашите очи. Обратете внимание. Анализирајте што сакате. Секако дека ќе видите нешто. Немам зборови да им се заблагодарам на сите мои колеги за гестот  што ми го доделија овој медал. Секако, изгледа како едноставен гест, но за мене не е. Порто е врвот!“ - напиша Касиљас на Инстаграм. Легендарниот шпански голман беше принуден да се пензионира минатата година поради проблеми со срцето. зс/

Остани поврзан