• петок, 26 април 2024

Портокалова велосипедска тура по повод Националниот ден на Холандија

Портокалова велосипедска тура по повод Националниот ден на Холандија

Скопје, 19 април 2024 (МИА) - Амбасадата на Кралството Холандија и Гоу Грин - Скопје денеска, првпат во Скопје, организираат Портокалова велосипедска тура по повод Националниот ден на Холандија - Денот на Кралот. 

Турата ќе се одржува по примерот на Orange Bike Ride што се одвива низ целиот свет за време на Денот на кралот на Кралството Холандија. Предвидено е да се возат велоспиеди околу Ист Гејт Мол, а на настанот, како што е најавено, ќе има подароци, музика, храна. Во Ист Гејт ќе има и изложба и натпревар за најдобро украсен велосипед од повеќе средни училишта од Скопје.  

Сите велосипедисти ќе се чекаат во 16:00 на платото на Ист Гејт Мол за Портокаловата велосипедска тура, како и во 17:00 за отварањето на Деновите на Холандија во Ист Гејт. мч/хс/

фото: Гоу Грин

Остани поврзан