• петок, 22 ноември 2024

Порошенко поради компликации поврзани со Ковид-19 примен во болница

Порошенко поради компликации поврзани со Ковид-19 примен во болница
Киев, 3 октомври 2020 (МИА) - Петро Порошенко, поранешниот украински претседател, член на парламентот на таа земја, е хоспитализиран затоа што има воспаление на двете белодробни крила откако се зарази со коронавирус, соопшти денеска неговата сопруга Марина Порошенко. - Петро беше однесен во една од болниците во Киев. И покрај фактот дека мојот сопруг има воспаление на обете белодробни крила, тој покажува силна волја, што ја покажа во борбата против оваа болест, рече Марина Порошенко. Поранешната прва дама на Украина известува дека Порошенко се однесува во согласност со протоколот на болницата. Освен Порошенко, една од нивните ќерки, исто така има коронавирус. Порошенко и соопшти на јавноста дека се зарази со коронавирус на 29 септември, а од тогаш беше во домашна изолација. ссм/

Остани поврзан