• четврток, 21 ноември 2024

Поранешната светска првенка во сноуборд Помагалски загина во лавина

Поранешната светска првенка во сноуборд Помагалски загина во лавина
Париз, 24 март 2021 (МИА) - Поранешната светска првенка во сноуборд, Французинката Џули Помагалски (40), го загуби живот во лавина на швајцарските Алпи. Помагалски во 1999 година го освои златниот медал во сноуборд крос, а учествуваше и на зимските Олимписки игри во Солт Лејк Сити во 2002 и во Торино во 2006 година. Француската Скијачка федерација соопшти денеска дека Помагалски загинала во вторникот, непрецизирајќи ја локацијата на несреќата. Француските и швајцарските медиуми, пак, повикувајќи се на полициско соопштение, јавија дека несреќата во која загинале вкупно две лица, а едно е повредено, се случила на планината Гемшток, во швајцарскиот кантон Ури. ег/ми/

Остани поврзан