• петок, 05 декември 2025

Поранешната потпретседателка на САД Камала Харис остана без заштита од Тајната служба

Поранешната потпретседателка на САД Камала Харис остана без заштита од Тајната служба

Вашингтон, 29 август 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп нареди да се укине заштитата од Тајната служба за поранешната потпретседателка и демократска претседателска кандидатка Камала Харис, пренесуваат американските медиуми.

По завршувањето на мандатот, Харис имаше шестмесечна заштита која требало да се продолжи според директива потпишана од нејзиниот партиски колега и поранешен претседател Џо Бајден, непосредно пред напуштањето на Белата куќа. Одлуката на Трамп ја поништува таа директива.

Во документот што стапува во сила на 1 септември 2025 година, експлицитно се наведува дека се укинуваат сите безбедносни процедури кои не се законски задолжителни, а се однесуваат на поранешната потпретседателка. ссм/

фото: архива

Остани поврзан