• понеделник, 23 декември 2024

Поранешен падобранец цели кон рекорд во скок без падобран

Поранешен падобранец цели кон рекорд во скок без падобран
Лондон, 29 октомври 2020 (МИА) - Поранешниот падобранец Џон Брим (34), кого го нарекуваат и „Летечка риба“, се обиде да постави нов светски рекорд во скок од хеликоптер во море, без падобран. Брим скокна од висина од околу 40 метри во водите на Ла Манш, близу Хемпшир, југоисточна Англија. Член на тимот нуркачи кои го чекаа во водата изјави дека веднаш откако паднал, Брим за кусо ја изгубил свеста и дека е пренесен в болница поради претпазливост. Подоцна, тој ја вратил свеста и разговарал со лекарите. Претставник на „Гинисовите светски рекорди“ изјави оти сѐ уште се разгледуваат доказите за официјализирање на новиот рекорд. Негова основна цел беше собирање пари за британските хуманитарни организации и луѓето кои се грижат за менталното здравје. си/гт/

Остани поврзан