• среда, 12 март 2025

Поранешен генерален секретар на Министерството за животна  средина на Албанија осуден за корупција

Поранешен генерален секретар на Министерството за животна  средина на Албанија осуден за корупција

Тирана, 11 март 2025 (МИА) - Специјалниот суд за против корупција и организиран криминал денеска на поранешниот генерален секретар на Министерството за животна средина, Алќи Блако, му изрече казна затвор во траење 4 години за корупција, во врска со случајот со изградба на согорувач на урбан отпад и производство на енергија, во Тирана.

Поради неговата согласност за  скратен судски процес,  казната е намалена на 2 години и 8 месеци затвор.

Обвинет е за прием на големи износи на средства кои,  бизнисменот Клодијан Зото, му ги исплатувал на неговиот татко Едмонд Блако.

Претходно, Алќи Блако, со правосилна одлука за согорувачот во Елбасан беше осуден на 2 години и 8 месеци, додека за оној во Фиер, предметот Апелација  го врати на повторно судење.

За случајот со согорувачот на отпад во Фиер,  Специјалниот суд, претходно поранешниот министер за животна средина, Лефтер  Кока го осуди на шест години и осум месеци затвор за корупција, злоупотреба на службената положба и перење пари. 

Кока беше министер од 2013 до 2017,  а беше обвинет дека примил мито од 3,7 милиони евра за договор за изградба на согорувачот во Фиер.

Според медиумите освен Блако и Кока за согорувачите, кои никогаш не беа до изградени, но проневери милионски суми,  осомничен е и Арбен Ахметај,  поранешниот вице премиер во владата на премиерот Еди Рама, но тој е во бегство. вт/

фото: Специјален суд 
 

 

Остани поврзан