Пораз на РК Еурофарм Пелистер од Ним во Битола 21:26
- Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во Битола се поразени од Ним, францускиот претставник во ЕХФ лигата со 21:26, полувреме (6:15).

Битола, 19 октомври 2021 (МИА) - Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва во Битола се поразени од Ним, францускиот претставник во ЕХФ лигата со 21:26, полувреме (6:15).
Гостите од првата минута почнаа брзо и ефикасно и по првите 10 минути од средбата имаа водство од 7:1. Битолчани не успеаа да воспостават рамнотежа на теренот и првото полувреме го загубија со 15:6.
Во вториот дел продолжи неубедливата игра на домаќините и тоа ја принуди публиката да негодува за начинот на водење на тимот од страна на тренерот Жељко Бабиќ.
Средбата заврши со убедлива победа на гостите со 26:21, кои вечерва во Битола на најдобар начин ја презентираа моќта на францускиот ракомет.
Најдобар поединец на натпреварот беше Мохамед Санад кој постигна 8 голови и со аплауз беше награден тој и неговите соиграчи од Ним.мт/см/