• вторник, 07 мај 2024

Пораз на РК Еурофарм Пелистер и од Загреб со една разлика

Пораз на РК Еурофарм Пелистер и од Загреб со една разлика

Битола, 7 декември 2023 (МИА) - Ракометарите на Еурофарм Пелистер неуспеја да го освојат првиот европски бод во ЕХФ Лига на шампионите, и со пораз од Загреб со резултат 23:22 за гостите, го завршија овој дел од сезоната.

Хрватскиот шампион во текот на целиот натпревар беше во водство, повремено и со 5 голови разлика, диктираше темпо и тимски го одржуваше водството. Од друга страна битолчани дури во 48 минута од натпреварот израмнија на 18:18, но тоа не беше доволно за изненадување затоа што поискусниот тим од Загреб на крајот рутински дојде до победа од 23:22.

Објективната битолска публика со аплауз ги поздрави ракометните актери кои заминаа на тимска пауза затоа што ЕХФ ракометната лига на шампионите продожува во февруари кога во Битола ќе гостува атрактивниот тим на Париссенжермен. мт/сх/

Фото: МИА

Остани поврзан