Поради сообраќајка, во прекин сообраќајот на патот Кичево - Гостивар
- Сообраќајот е во прекин во двата правци од 14:11 часот.

Скопје, 16 декември 2023 (МИА) - Поради сообраќајна незгода на патниот правец Кичево - Гостивар, кај местото викано „Тајмишка раскрсница“, сообраќајот е во прекин, соопштија од АМСМ.
Сообраќајот е во прекин во двата правци од 14:11 часот.
Од ЈП „Македонија пат“ појаснуваат дека се очекува брза нормализација на сообраќајот. бд/бак/
Фото: МИА архива