• понеделник, 23 декември 2024

Поради реконструкција воведен времен режим на сообраќајот на улицата „Даме Груев“

Поради реконструкција воведен времен режим на сообраќајот на улицата „Даме Груев“
Скопје, 24 ноември 2022 (МИА) – ЈП „Улици и патишта“ - Скопје информира дека во тек се градежни работи за реконструкција на коловозот на улицата „Даме Груев“ во центарот на Скопје, поради што е воведен времен режим на сообраќајот. - Денеска екипите на ЈП „Улици и патишта“  -Скопје, по налог на Град Скопје, ја започнаа првата фаза за реконструкција на коловозот на улицата „Даме Груев“. Тие машински го гребат оштетениот асфалт на потегот од раскрсница со улица „Македонија“ до улицата „11 Октомври“ и поради изведба на градежните активности, десната страна на коловозот е затворена за сообраќај и обележана со соодветна сигнализација, известуваат од јавното претпријатие. На левата страна од коловозната површина сообраќајот се одвива во нормален тек. Времениот сообраќаен ќе важи до завршување на градежните активности на екипите на ЈП „Улици и патишта“. ир/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан