Поради пожарот во „Јасен“, се уште затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
- Поради пожарот во Националниот парк „Јасен“, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод - Скопје се уште е затворен за секаков вид возила, информира АМСМ.
Скопје, 18 август 2025 (МИА) - Поради пожарот во Националниот парк „Јасен“, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод - Скопје се уште е затворен за секаков вид возила, информира АМСМ.
Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), со пожарот е зафатена мешана шума.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов вчера соопшти дека во гаснењето на пожарот се вклучени екипи на ЈП „Национални шуми“, ЈП „Јасен“ и на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ). За гаснење, напомена Ангелов, се користат сите можни ресурси. мч/
фото: МИА