• четврток, 26 март 2026

Поради пожарот во Вардариште без струја 47 000 корисници во Скопје

Поради пожарот во Вардариште без струја 47 000 корисници во Скопје

Скопје, 12 јуни 2025 (МИА) - Без снабдување со струја се 47.000 корисници во Скопје, откако по пожарот што се случи денеска напладне во депонијата Вардариште превентивно се исклучени од напон трафостаниците „Скопје 4 - Аеродром” и „Скопје 4 - Исток”. 

- Поради голем пожар во депонијата Вардариште, а по барање на Противпожарната бригада, екипите на Електродистрибуција веднаш интервенираа на терен и ги исклучија од напон трафостаниците „Скопје 4 - Аеродром” и „Скопје 4 - Исток”. Во моментов 47.000 корисници се без снабдување со електрична енергија. Напонот ќе биде повторно воспоставен по известување од Противпожарната бригада дека теренот е безбеден и пожарот е изгаснат, изјавија за МИА од Електродистрибуција.

Во гаснењето на пожарот, со кој е зафатена сува трева и отпаден материјал, учествуваат 20 пожарникари со седум противпожарни возила. лв/ац/

Фото: МИА  

Остани поврзан