• понеделник, 25 ноември 2024

Поради пожарот во близина на Атина превентивно евакуирана детска болница

Поради пожарот во близина на Атина превентивно евакуирана детска болница
Атина, 19 јули 2022 (МИА) – Освен четири населби и Националната опсерваторија за кои претходно беше дадена наредба за евакуација, вечерва превентивно беше евакуирана и детска болница што се наоѓа во близина на пожарот во североисточниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, јави дописничката на МИА од Атина. Од болницата, 36 деца и 19 вработени беа префрлени во друга детска болница исто така во Атина. Шумскиот пожар започна од планината Пендели и поради силниот ветер брзо се спушти и се прошири кон населените места, ситуацијата вечерва е особено тешка, а пожарот предизвика материјална штета на домови. Со заоѓањето на сонцето запре и гаснењето од воздух, а авионите и хеликоптерите ќе продолжат да интервенираат утре наутро, штом се раздени. Во гаснење на пожарот интервенираат 350 пожарникари,13 пешадиски тима, 60 противпожарни возила, пожарникари волонтери и цистерни од општините, мобилизирани се  противпожарни сили од северна и централна Грција и од Епир, а ангажирани се и 150 полицајци со 58 возила за превентивна евакуација на населби. ср/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан