• понеделник, 23 декември 2024

Поради пандемијата Валенса нема пари ниту за божиќни подароци

Поради пандемијата Валенса нема пари ниту за божиќни подароци
Варшава, 25 декември 2020 (МИА) - Поранешниот претседател на Полска и нобеловец Лех Валенса тврди дека поради пандемијата со новиот коронавирус банкротирал. - Ова година никој нема да добие подароци од мене, бидејќи банкротирав, изјави Валенса на полската телевиозија „Полсатњуз“ по повод Божик. Тој додаде дека во минатото многу патувал и држел предавања од кои заработувал. - Тоа сега за мене е минато поради пандемијата, посочи Валенса. Според полските медиуми, пензијата на поранешниот претседател на Полска изнесува 1.300 евра. Валенса се пожали и дека не го слушаат ниту членовите на семејството. - На сопругата и на децата им е доста од моите политички активности. Тие не ми дозволуваат да дојдам до збор. Затоа седам мирно на маса и на никого не му паѓам во очи, истакна Валенса. Тој од 1980 до 1990 година го предводеше синдикатот Солидаррност, кој придонесе за пад на комунизмот во Полска. Во 1983 година ја доби Нобеловата награда за мир, а од 1990 до 1995 година беше претседател на Полска. ми/

Остани поврзан