• среда, 17 јули 2024

Поради одрони пренасочен сообраќајот на релација Делчево - Скопје

Поради одрони пренасочен сообраќајот на релација Делчево - Скопје
Делчево, 12 јануари 2021 (МИА) - Се пренасочува сообраќајот на релација Делчево - Скопје, по одроните кои предизвикаа застој на регионалниот патен правец Кочани - Делчево.
Од делчевската подружница на ЈП „Македонија Пат“ информираат дека до отстранување на проблемот, возачите од Делчево и Македонска Каменица кои имаа потреба да патуваат кон Скопје, тоа ќе треба да го направат преку алтернативните патни правци.
-Ги известуваме возачите дека поради ситуацијата со одроните, сообраќајот за лесни возила кои сообраќаат од Делчево и Македонска Каменица кон Скопје се преносочува преку патниот правец Делчево - Бигла, додека за тешки товарни возила и автобуси сообраќајот е пренасочен преку патот Делчево - Берово, изјави Влатко Цоневски од делчевската подружница на „Македонија пат“.
Патот Делчево - Македонска Каменица, како што додадоа од „Македонија пат“ е чист и за возачите кои сообраќаат на овој пат нема забрани за движење. вс/бак/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан