Поради магла намалена видливост кај Прилеп – Крушево и Тетово – Попова Шапка
- Намалена видливост од 50 до 60 метри поради појава на магла има на патните правци Прилеп – Крушево и Тетово – Попова Шапка, информира ЈП „Македонијапат“.

Скопје, 11 јануари 2023 (МИА) – Намалена видливост од 50 до 60 метри поради појава на магла има на патните правци Прилеп – Крушево и Тетово – Попова Шапка, информира ЈП „Македонијапат“.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет има на планинските превои Стража, Ѓавато и Плетвар, а со среден интензитет во Крушево, но во моментов не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. Информираат дека нивните дежурни екипи постојано се на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на телефонскиот број 02 25 61 502. мд/аа/