Поради дефект без вода дел од корисниците од булеварот „Видое Смилевски Бато“
- Поради уличен дефект ф 100 мм на булевар „Видое Смилевски Бато“ бр.61, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од овој булевар од зграда бр.11 до зграда бр.89.

Скопје, 4 јануари 2024 (МИА) - Поради уличен дефект ф 100 мм на булевар „Видое Смилевски Бато“ бр.61, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од овој булевар од зграда бр.11 до зграда бр.89.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 13:45 часот до санирање на дефектот. сст/ев/
фото МИА архива