Без вода утре делови од Љубанци и Тафталиџе
- Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектите.
Скопје, 2 април 2024 (МИА) - Поради дефекти во селото Љубанци и населбата Тафталиџе, утре без вода ќе бидат неколку делови на овие простори, информираат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје.
Со прекинато водоснабдување од девет часот ќе бидат дел од корисниците од селото Љубанци, поради уличен дефект на водоводна цевка.
Поради дефект во шахта и дефект на приклучна цевка на улицата „Хелсинки“ 26 во населбата Тафталиџе, прекинато водоснабдување од 9:30 ќе имаат корисниците од оваа улица, како и жителите на улиците „Виенска“, „Мексичка“, „Ташкентска“, „Хаванска“ и дел од „Варшавска“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектите. бд/бак/
Фото: МИА архива