• сабота, 21 декември 2024

Поради асфалтирање затворена за сообраќај делницата Велес - Градско

Поради асфалтирање затворена за сообраќај делницата Велес - Градско

Скопје, 30 мај 2023 (МИА) - Поради асфалтирање, од денеска до 3 јуни делницата Велес - Градско, од 8 до 16 часот, ќе биде целосно затворена за сообраќај.

Како што информира АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. мд/ас/

Фото: МИА архива

Остани поврзан