• среда, 17 јули 2024

Поради активен пожар, кај Пепелиште прекин на сообраќајот во два правца

Поради активен пожар,  кај Пепелиште прекин на сообраќајот во два правца

Скопје, 17 јули 2024 (МИА) - Поради активен пожар на регионалниот пат Неготино – Штип, кај село Пепелиште, сообраќајот е во прекин за сите видови возила, во двата правци, информира АМСМ. 

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. мд/

Фото: МИА архива 

 

 

Остани поврзан