Поплавени земјоделски површини и куќи, сè уште исклучително висок водостојот на Вардар во горното течение
- По врнежите што ја зафатија земјава, најкритична е состојбата во село Форино, кое е најпогодено од поплавите, информира утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Поплавени се и земјоделски површини во селата Чајле, Турчане, Врапчиште и Беловиште. Во Југозападниот Регион, во Кичево, на улицата Прилепска, регистрирано е најголемо поплавување на куќите и евакуирани се 220 лица, кои се сместени во спортската сала „Христо Узунов“. Заезерувања има и на улицата 29 Ноември во населбата Подварош, каде што се поплавени подруми во повеќе куќи. Поплавени се и објекти на болницата во Кичево. Организирана е достава на храна и вода за загрозените лица со поддршка на Црвениот крст, а на терен активно работат екипи од полицијата, комуналното претпријатие и противпожарната служба.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.