• понеделник, 23 декември 2024

Пописот стартуваше во штипскиот и карбински регион

Пописот стартуваше во штипскиот и карбински регион
Штип, 5 септември 2021 (МИА) - Почна пописот на населението во штипско-карбинскиот регион. Претседателот на Пописната комисија за реон 16, која ги опфаќа општините Штип и Карбинци, Соња Китанова вели дека утринава во осум часот на терен излегле 129 попишувачи и 13 инструктори. Проблеми на терен засега не пријавиле, но некои од попишувачите пријавиле дека на терен имале проблеми од технички карактер. Во Штип се опфатени 238, а во Карбинци има 41 пописен реон. Доколку попишувачите не го најдат граѓанинот или семејството дома имаат обврска да остават известување во кое ќе биде наведено денот и часот, кога повторно ќе ги посетат. вдј/мс/

Остани поврзан