Понуден нов договор и повисока плата на Де Ла Фуенте
- Шпанската фудбалска Федерација му понуди на селекторот на машката репрезентација Луис де ла Фуенте нов, подобрен договор со цел да го задржи во националниот тим, објавија денеска шпанските медиуми.
Мадрид, 27 декември 2024 (МИА) – Шпанската фудбалска Федерација му понуди на селекторот на машката репрезентација Луис де ла Фуенте нов, подобрен договор со цел да го задржи во националниот тим, објавија денеска шпанските медиуми.
Изминатите шест месеци се шпекулираше околу неговиот договор, кој истекува по Светското првенство во 2026 година, откако Де ла Фуенте сакаше покачување на платата.
Де Ла Фуенте, под чие водство Шпанија, ги освои Лигата на нации и Европското првенство, заработува еден милион евра годишно, а шпанскиот селектор бара плата од три милиони евра годишно.
Весникот АС објави дека на Де Ла Фуенте му бил понуден нов договор од два милиони евра годишно. ег
ФОТО: ЕПА