• петок, 05 декември 2025

Пониква исчистена од комунален отпад

Пониква исчистена од комунален отпад

Кочани, 26 ноември 2025 (МИА) - Со помош на механизација, денеска беше отстранет комуналниот отпад насобран околу контејнерите поставени на Пониква, на Осоговските Планини.

Вработени од КЈП „Водовод“ ги исчистија загадените површини на паркингот кај одморалиштето на МВР, кај манастирот „Св. Василиј Велики“ и во месноста Аеродром, информираат соодветните комунални служби.

 

Вработените во КЈП„Водовод“ продолжуваат со интензивни активности и во градското подрачје и во населени места од Општина Кочани.

 

Инспекциските служби предупредуваат дека за несоодветно исфрлање на отпадот ќе следуваат соодветни казнени мерки, нагласуваат од Општината. ис/ев/

фото: Општина Кочани

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан