• петок, 22 ноември 2024

Помпео: САД стојат зад Северна Македонија во време на криза

Помпео: САД стојат зад Северна Македонија во време на криза
Вашингтон, 27 април 2020 (МИА) - Државниот секретар на САД Мајк Помпео денеска во разговар со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, го поздрави полноправното членство на земјата во НАТО и одлуката на ЕУ да започне пристапни преговори. -Овие два историски настана станаа можни благодарејќи на Преспанскиот договор склучен во 2018 година, истакна Помпео. Помпео високо го оцени лидерството на Пендаровски и Владата за достигнување на овие клучни стратешки цели. Како што се истакнува во соопштението на Стејт департментот, САД се убедени дека тоа ќе придонесе кон повеќе стабилност и прогрес на Западен Балкан. Помпео и Пендаровски исто така разговарале и за меѓународните напори во борбата со Ковид-19. Државниот секретар исто така истакнал дека САД стојат зад Северна Македонија во ова време на криза. кб/са/  

Остани поврзан