• петок, 22 ноември 2024

Помпео: Потребен е дијалог, нема воено решение за конфликтот околу Нагорно Карабах

Помпео: Потребен е дијалог, нема воено решение за конфликтот околу Нагорно Карабах
Вашингтон, 27 октомври 2020 (МИА) - Државниот секретар на САД, Мајк Помпео денеска ги повика политичките лидери на Ерменија и Азербејџан да престанат да разменуваат оган и да посегнат по дипломатијата околу територијата на Нагорно Карабах, бидејќи не е можно воено решение, соопшти Стејт департментот. Помпео разговараше одделно со ерменскиот премиер Никола Пашињан и со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев. "Секретарот Помпео ги повика лидерите да ги почитуваат своите обврски и да престанат со непријателствата. Потребен е дијалог, не постои воено решение за конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан", се наведува во соопштението на Стејт департментот. паг/  

Остани поврзан