Помал пожар во „Холидеј ин“
- Помал пожар попладнево избувна во хотелот „Холидеј ин“ во центарот на Скопје. Пожарот е изгаснат по брзата интервенција на пожарникарите, кои со три возила за неколку минути пристигнаа кај хо

Скопје, 5 август 2021 (МИА) - Помал пожар попладнево избувна во хотелот „Холидеј ин“ во центарот на Скопје. Пожарот е изгаснат по брзата интервенција на пожарникарите, кои со три возила за неколку минути пристигнаа кај хотелот.
Како што информираат од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ), опжарен е градежен отпад од хотелот, кој е во фаза на реновирање и нема гости.
Пријава за пожар поладнево е пристигната и за локација во близина на касарната во Ѓорче Петров, каде е упатена една противпожарна екипа. мд/вј/
