• петок, 22 ноември 2024

Помалку пријавени а повеќе осудени и обвинети полнолетни и деца во 2021 во однос на 2020 година

Помалку пријавени а повеќе осудени и обвинети полнолетни и деца во 2021 во однос на 2020 година
Скопје, 31 мај 2022 (МИА) - Бројот на пријавени полнолетни лица - познати сторители, лани во споредба со 2020 година е намален за 10,7  проценти, покажуваат денеска објавените податоци на Државниот завод за статистика за пријавени, обвинети и осудени полнолетни сторители на кривични дела и деца во судир со законот за 2021 година. Во 2021 година, во споредба со 2020 година, бројот на осудените полнолетни лица е зголемен за 20,2 проценти, а на обвинетите лица е зголемен за 23,2 отсто. Бројот на пријавени деца во судир со законот - сторители на кривични дела, во 2021 година во споредба со 2020 година, е намален за 3,4  проценти Во 2021 година, во споредба со 2020 година, бројот на осудените деца во судир со законот – сторители на кривични дела е зголемен за  9,1 процент. лв/сп/

Остани поврзан