• среда, 15 мај 2024

Пол Џорџ: Не се предаваме

Пол Џорџ: Не се предаваме
Феникс, 29 јуни 2021 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес клиперс, Пол Џорџ, зборуваше за расположението во тимот по петтиот натпревар од финалето на Западната конференција од НБА-лигата против Феникс. Клиперси ноќеска победија со 116:102 и намалија на 2:3 во серијата прв до четири победи. Џорџ средбата ја заврши со 41 поен, 13 скока и 6 асистенции. - Ако Феникс сакаат да ја затворат низата со нас, тие треба да работат напорно за тоа. Со овој став, отидовме на натпреварот. Ние не се предаваме ниту се повлекуваме. Немаме намера да истакнеме бело знаме. Така ќе се однесуваме до крајот на серијата. Ќе се бориме додека имаме шанса, иако ќе биде многу тешко со оглед на повредите во нашиот тим, истакна Џорџ. Клиперс се без двајца од стартната петорка, повредените Каваи Ленард и Ивица Зубац. Следниот натпревар е ноќта среда кон четврток (почеток 3 часот). зс/

Остани поврзан